Трендови за уредување на стилски дом што доминираат оваа деценија
Детали и бои од 20-тиот век
Минатата деценија дефинитивно ја одбележа минимализмот. Но, изгледа дека боите и дезените повторно се вратија на сцената.
Вратете му се на ретро шаренилото и побарајте инспирација во ентериерите од 40-тите и 50-тите години на минатиот век.
Враќање на техниката „терацо“
Техниката „терацо“ најлесно може да се опише како мозаик.
Доволно е да внесете само еден елемент од овој тип и просторијата ќе изгледа неверојатно.
Топли бои и рециклирање
Ако се двоумите кои бои да ги искористите, нема да погрешите со топлите.
А, наместо да купувате, можете да го рециклирате стариот мебел - променете ја бојата на масичката, одново тапацирајте мебелот и искористете сè што веќе имате.
На овој начин ќе заштедите, но и ќе ѝ направите добро на околина.
Спирова С. | Црнобело