Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хит во уредувањето на просторот – ретро терацото е повторно во мода (фото)

Терацо подовите (од италијанскиот збор „terrazzo“, што значи тераса) се подови во форма на мозаик. Тие се состојат од гранули вградени во врзивна смеса. 

hit-vo-ureduvanjeto-na-prostorot-retro-teracoto-e-povtorno-vo-moda-foto-01.jpg

Подовите Терацо се присутни во градежната индустрија одамна, но се чини дека овој ретро дизајн повторно се враќа во мода. Дури и кај античките Римјани, забележани се подови слични на денешното терацо.

Овие подови биле поставувани во времето на Римјаните, во куќите на богатата аристократија и во јавните згради. Терацо всушност симболизиралo престиж.

Со текот на времето, терацо подовите добиле многу поприфатлива цена, но сепак, изборот останал за луѓето кои се грижат за убавината и долговечноста на објектите.

Терацото е природен производ, измислен пред стотици години во северна Италија. Според приказната, уметниците кои изработувале мозаици и скулпторите фрлале остатоци на нивните тераси - ситни парчиња мермер и други материјали, остатоци од нивната работа.

Со текот на времето овие парчиња цврсто се вметнале во земјата, формирајќи еден вид практична, но сепак естетски пријатна површина.

Со текот на времето, мајсторите научиле како да го поврзат мермерот и другите парчиња и остатоци со постабилна глинена основа, како и да ја измазнат површината добивајќи висок сјај.

Вековната историја на терацото еволуира во многу форми, дезени и материјали, а оваа сезона е во тренд, особено во Европа, односно Германија.

Погледнете како е инкорпориран терацо ефектот во модерниот ентериер:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
5 најчести грешки во уредувањето на домот, според дизајнери на ентериер Прво ја избирате бојата на ѕидовите и го трупате просторот со многу украси и дез...
6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои тр...
Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости) Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозор...
„Јас сум дизајнерка на ентериер и 7 работи никогаш не би ги ставила во својата дневна соба“ „Табуретките не се удобни за седење и секогаш подобра опција е некоjа клацкалка ...
Грешки во уредувањето поради кои домот ви делува „евтино“ и хаотично Многу мала комода за телевизор, како и мешање на неколку различни стилови се дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg