„Јас сум дизајнерка на ентериер и 7 работи никогаш не би ги ставила во својата дневна соба“
„Табуретките не се удобни за седење и секогаш подобра опција е некоjа клацкалка или фотелја“, вели Лусијана Фрагали од САД.
Лусијана Фрагали од САД е познат дизајнер на ентериер.
За магазинот „Business Insider“ таа одговара на прашањето: „Кои работи никогаш не би ги ставила во својот дом?“
Нејзините одговори можеби ќе ви послужат како совети.
Работи од кои немате потреба во домот, според неа:
Постери или уметнички дела без рамки на ѕидовите
Вашата дневна соба не треба да изгледа како соба од студентски дом, а за да има доза на софистицираност, треба да ставите рамки.
„Голи“ подови
„Голите“ подови првенствено полесно се оштетуваат, а од друга страна само мало килимче многу ќе ја промени вашата соба и визуелно ќе го подели просторот, ќе го направи потопол, па дури и ќе направи да изгледа собата поголемо.
Табуретки
Табуретките не се удобни за седење и секогаш подобра опција е некоjа клацкалка или фотелја.
Пластично овошје
Не може да се јаде, а ќе ви ги „огладни“ гостите. Наместо нив ставете чинија за сервирање со низа мали украсни предмети.
Светлечки знаци на ѕидовите
Овие светлечки знаци не се идеални за вашата дневна соба, ќе ѝ дадат изглед на бар. Наместо ова ставете некоја украсна ламба.
Препарирани животни
Навистина немате потреба од џиновска глава од елен во дневната соба. И морничаво е и ретро е.
Празни полици
Празните полици ќе им испратат погрешна порака на посетителите, односно дека сте неинспирирани со што да ги наполните.
С. С. | Црнобело