8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом)
Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој сигурно ќе има барем неколку намени и ќе заменува три други апарати.
Луѓето кои се вљубеници во минимализам сакаат дом кој не е претрупан со работи за да може просторот да дише, а тие да си го чистат домот без тешкотии.
Кои се нивните трикови за уреден дом?
Што прават минималистите за да имаат уреден дом:
Средуваат навечер
Пуштаат машина за садови, собираат отпадоци од домот, прибираат облека и новиот ден им започнува со уреден дом, а тоа е одличен начин за старт на денот.
Не заостануваат со перење на облеката
Секој што некогаш дозволил да му се натрупа премногу облека за перење, знае каков хаос е тоа.
Минималистите селектираат на дневна база нечиста облека и не чекаат да дојде денот недела за да пуштат машина. Облеката директно ја носат во корпата за перење, наместо да ја префрлаат преку столиците.
Сè си има свое место
Кога доаѓаат од работа знаат на кое место си ги оставаат клучевите, на кое торбите од шопинг и не прават непотребен хаос.
Се водат од правилото „едно внатре, друго надвор“
Минималистите кога купуваат некој нов предмет во домот си даваат за задача да се ослободат од еден стар предмет и на тој начин работните површини и домот никогаш не ги претрупуваат.