8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом)
Имаат дневна рутина во домот
Местењето на креветот и собирањето на масата по јадење се мали дневни обврски, но ако ги правите редовно, тие ќе придонесат домот секогаш да ви е чист.
Не претеруваат со купување на организери
Минималистите знаат што точно им е потребно и не купуваат милион кутии за складирање, кои потоа прават дополнителен хаос.
Купуваат повеќенаменски работи
Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој сигурно ќе има барем неколку намени и ќе заменува три други апарати, па така кујнската работна површина им е празна.
Не претеруваат со украсите
Тие знаат дека неколку перници фрлени на каучот ќе го разубават просторот, но никогаш нема да стават толку многу перници, за да мора потоа да ги отстранат за да уживаат на каучот.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com