Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Направете лебдечка елка во 4 чекори

Ако веќе ви здосадија традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по идеја која ќе ги одушеви и вашите домашни, но и вашите гости, тогаш оваа лебдечка елка е вистинскиот избор.

napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-001.jpg

Различна од сите други кои имаат цврста основа, оваа елка се закачува на таванот и може да биде висока онолку колку што вие сакате.

Потребен материјал:

  • дебел картон
  • спреј во зелена боја
  • метро
  • конец
  • ножици
  • зелена леплива трака
  • силиконски конец
  • силиконско лепило
  • метална кука за закачување
  • новогодишни лампиони и светилки
  • светки (по желба)

Начин на изработка:

Ставете го картонот на рамна површина и исцртајте концентрични кругови на растојание од 5 cm. Со ножица исечете ги круговите.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-02

Исечените кругови наредете ги врз стара хартија и испрскајте ги со зелениот спреј. Нанесете светки и оставете да се исушат. Штом добро се исушат, повторете ја постапката и од другата страна. Кога ќе завршите со боење, залепете ја зелената леплива трака на страничните делови од круговите, за да го покриете картонот. 

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-03

Куката закачете ја на таванот и на неа врзете го силиконскиот конец. На секој круг направете по осум дупчиња низ кои ќе го протнете силиконскиот конец. Наредете ги круговите од најмал кон најголем, водејќи сметка да бидат на еднакво растојание. Залепете со силиконски лепак за да застанат во саканата позиција.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-04

На крајот останува уште да ја украсите елката со лампиони и светилки.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-05

Погледнете го целосното видео:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
8 бои идеални за мала кујна + со кои нијанси да ги комбинирате? Не мора да ги избегнувате потемните нијанси ако имате мала кујна – можат да изгл...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
Новогодишно уреден дом на Ана од Скопје - елка со розови лампиони и украси за трпезата купени во Сол... „Елката ја купивме во Солун пред три години, а таму се купени и лампионите. Не з...
Дел од најубавите новогодишно украсени домови на Македонци, на прагот од 2025-та (фото) Oд броење на последните месеци при очекувањето на приновата покрај елка до семеј...
5 бои кои совршено се комбинираат со сивата боја при уредување на домот Ако правите промени во вашиот ентериер, тогаш погледнете ги овие неколку комбина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg