Лесно отстранете ги гребаниците од дрвениот мебел
На сите им се случува случајно да поминат со остар предмет покрај мазната дрвена површина на мебелот и ненамерно да остават трага. Доколку имате домашно милениче тоа е нешто речиси вообичаено и сосем нормално ниските дрвени елементи да бидат ишарани со гребаници.
Но, тоа не значи дека треба да се помирите со тоа и да ги оставите такви, ниту дека треба да ги фрлите.
Решението е многу едноставно и може сами да го примените. Потребни ви се само неколку состојки кои ги имате дома за да го подготвите средството со кое ќе ги отстраните гребаниците на површината од мебелот.
Измешајте ¼ шолја оцет и ¾ шолја маслиново масло. Натопете една крпа во течноста и поминете убаво со неа по изгребаната површина.
Резултатите пријатно ќе ве изненадат.