Грешки во уредувањето поради кои домот ви делува „евтино“ и хаотично
Комплет мебел
Иако е попрактично додека размислувате како да го уредите просторот, избегнувајте сите парчиња мебел да бидат од ист комплет.
На пример, во дневната купете комплет гарнитура, но ставете полица, табуретка или масичка од друга колекција.
Секако, осигурете се дека стиловите на мебелот ќе одговараат едни со други.
Мебел со погрешна големина
Мора да ја земате предвид големината на просторијата кога купувате мебел.
На пример, големата дневна соба ќе делува празно и лошо испланирано ако ставите мала гарнитура.
Во мала просторија, од друга страна, големиот мебел ќе го задуши просторот.
Мала комода за телевизор
Денес телевизорите се големи, па малата комода делува непропорционално.
Дури и ако го закачувате телевизорот на ѕид, под него ставете поголема комода која ќе создаде рамнотежа.
Спирова С. | Црнобело