Трендови за уредување кои треба да ги прескокнете во 2025-та, според дизајнери на ентериер

Декоративните лајсни се многу поскапи, а не се вклопуваат во дом со модерен ентериер. Па, освен ако веќе ги немате во домот, најдобро прескокнете ги.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-01.jpg

Само затоа што нешто е тренди, не значи и дека е добро или практично.

А, особено е важно да го имате ова предвид кога станува збор за уредувањето на домот.

Обично промените што ги правиме во домот се подолготрајни, па треба да бидат и практични.

Дизајнери на ентериер споделуваат кои трендови за уредување треба да ги прескокнете во 2025-та:

Евтини декоративни перници

Декоративните перници се одличен начин да го освежите просторот, но дизајнерите советуваат да ги избегнувате многу евтините модели.

Причината е материјалот од којшто се изработени – евтините перници обично се направени од полиестер и брзо ги губат бојата и формата.

Подобро е да купите малку поскапи перници полни со памук или сунѓер, и за нив да купите разни (поевтини) навлаки.

На овој начин, перниците ќе ви траат многу подолго, а навлаките ќе можете да ги менувате по потреба.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-02.JPG

Ќебиња како декорација во дневната

Можеби на фотките изгледаат добро, но ако ставите ќебе врз гарнитурата, ќе делува расфрлано.

Ако сакате да ја покриете гарнитурата, купете соодветни прекривки или навлаки, а ќебето здиплете го на еден крај.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-03.JPG

Декоративни лајсни

Во домови со потрадиционален ентериер, декоративните лајсни можат да делуваат убаво.

Но, не се вклопуваат најдобро во модерен ентериер.

Покрај тоа, можат да бидат многу поскапи за инсталирање ако ставате нови.

Па, дизајнерите советуваат дека е најдобро да ги прескокнете, освен ако веќе не ги имате во домот.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-04.JPG

Темни бои на ѕидовите

Во овој случај, проблем е практичноста. Темните ѕидови изгледаат навистина добро, но бараат повеќе одржување бидејќи на нив се познава прашина.

Истовремено, ако собата е мала, темниот ѕид може да ја направи уште помала.

Ако сепак сакате темна боја, подобро ставете ја насамо еден ѕид. Или, пак, купете темна гарнитура и мебел со потемни нијанси.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно) Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg