Трендови за уредување кои треба да ги прескокнете во 2025-та, според дизајнери на ентериер

Лажни растенија

Иако денес можете да најдете мошне добро изработени лажни растенија кои делуваат природно, сепак е подобро да им дадете предност на природните.

Има многу растенија кои бараат минимална грижа, а прават огромна разлика во просторот.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-06.JPG

Гарнитура со бела или многу светла нијанса

Светлата гарнитура може да делува многу монотоно.

Притоа, тешка е за одржување бидејќи на неа се познаваат и најмалите дамки.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-07.JPG

Премногу декоративни перници

Ако ставите многу декоративни перници во дневната или спалната, просторот ќе изгледа хаотично.

Исто така, многуте перници не се и практични бидејќи ќе немате место за седење.

Доволно ви се една-две перници.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-08.JPG

Симетрично закачени генерички слики

Премногу уредно закачените слики со генерички натписи и мотиви делуваат студено и не му даваат шарм на просторот.

Ако сакате да направите галерија на ѕидот, ќе изгледа многу подобро со слики што вам ви се допаѓаат, како омилени уметнички дела или, пак, семејни фотографии.

И, не мора да бидат со иста големина и симетрично наредени.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-09.JPG

Отворени полици во кујна

На Инстаграм фотките изгледаат убаво, но во реалноста, отворените полици не се воопшто практични.

Ќе треба да внимавате да не ставате многу работи на нив, а притоа и сè што ќе ставите да одговара со ентериерот.

Секогаш подобар избор се кујнски шкафчиња.

trendovi-za-ureduvanje-koi-treba-da-gi-preskoknete-vo-2025-ta-spored-dizajneri-na-enterier-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно) Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg