Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите
Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на својот почеток, некои трендови за уредување на ентериерот се издвоија од другите, а дизајнерите ги обожаваат.
Сакате да смените нешто во домот, или пак, уредувате нов дом? Ако знаете што сакате, тогаш е многу лесно.
Но, што ако не знаете кои бои сакате да ви доминираат во домот, или на какви детали да обрнете внимание? Каков мебел да купите (за да го замените стариот или да го опремите домот)?
Дизајнерите на ентериери препорачуваат 6 трендови кои доминираат од почетокот на 2024:
Сончеви тонови
Оваа година во мода се сончевите бои кои му даваат топлина на домот. Една од нив е и нежната нијанса на праска (Peach fuzz), која Pantonе ја прогласи за боја на 2024-та.
Освен оваа, можете да користите и други нежни портокалови нијанси.
Па, така, еден ѕид може да го обоите во нежен тон, а останатите да бидат бели. Или ѕидот да е комбинација од две нијанси на боја на праска.
Нема да претерате дури ни ако во просторијата внесете и детали во истата нијанса - перничиња, украси, уметнички слики, полици, столчиња или фотелји, ќебиња, дури и садовите кои секојдневно ги користите за да јадете во нив.
Кич со вкус
Кичот не мора да значи дека нешто е неубаво. Напротив, ако знаете како да споите различни стилови и бои, ентериерот може да делува привлечно и пријатно.
Дизајнерите препорачуваат да комбинирате нежна со впечатлива боја, на пример нежно жолта со магента, праска со сина, бебешка сина со жолта.
Кога ќе го уредите просторот во овој стил, важно е да обрнете големо внимание на деталите, кои исто така треба да се впечатливи и да му додадат уште малку шарм на шарениот ентериер.
Ѕидови со текстура
Заборавете на мазните ѕидови - во 2024-та модерни се ѕидовите со текстура.
Нема да згрешите ако ставите тапети во овој стил, плочки кои ќе бидат дискретни, а сепак ќе му дадат модерен изглед на просторот, или пак да ја смените текстурата на ѕидовите со гипс, кој пред да се стврдне ќе го измоделирате по ваша желба.