Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите
Еко материјали
Во 2024-та во мода се враќаат и еко материјалите, особено во уредувањето на спалната и дневната соба.
Тие се пријатни бидејќи се природни и еколошки, а убави се и за око поради смирените бои и тонови.
Иако нема ограничување, дизајнерите на ентериери препорачуваат да користите крем нијанси.
Метални детали
Ова е еден од најлуксузните трендови за оваа година.
Металните детали може одлично да се вклопат во секој ентериер, без оглед на стилот во кој ви е уреден домот.
А листата на метални детали е навистина голема - огледала, ламби, украсни масички, уметнички дела, вазни и слично.
Ретро дизајни
Оваа година во мода се враќаат и ретро парчињата кои беа модерни во 1960-те и 1970-те години.
Меѓу нив се ламбите и лустерите кои се со необични форми, нежни бои и бои кои се прелеваат, но и асиметрични форми.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





