Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во место за релаксација“

„Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесен, но не е ниту малку наивен. Идејата беше да се направи простор којшто сам по себе ќе ги повикува корисниците, со топла и удобна атмосфера која ќе ве натера длабоко да вдишете и да се опуштите“ - раскажува архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студиото Club8. 

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-01.jpg 

„Станува збор за сутеренски простор со низок плафон од 70м2 со дефицит на природна светлина цел во бетон и груби гипс табли во којшто треба да вежбаат минимум 20 луѓе. Мојата прва реакција беше – возбудлив предизвик!

Од таков груб простор да направиме простор за јога кој што треба корисниците да ги релаксира, инспирира, а и секако мотивира. Имавме низа состаноци со Лејла (сопственичката на јога клубот) каде што таа нѝ правеше историска и теориска тура и нѐ воведуваше во светот на јогата. Нѐ запозна со психологијата на корисниците и нивните потреби.

Но, главно барање беше да се создаде простор за еволуција и експериментирање како и место за инспирација на корисниците“.

За целиот процес на уредување на просторот, материјалите кои се користени, осветлувањето и останатите детали прочитајте во разговорот со архитектот Лука Радовиќ од 1010 ARCHITECTS:

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-001.jpg

Просторот треба да промовира спокој и релаксација – што беше најзначајно при дизајнирањето и изведбата на ентериерот? Каков тип на материјали се користени?

Идејата беше да се направи простор којшто сам по себе ќе ги повикува корисниците, со топла и удобна атмосфера којашто ќе ве натера длабоко да вдишете и да се опуштите.

Да се овозможи таа топлина и удобна атмосфера сите интервенции во просторот се реализирани користејќи природни материјали т.е. дрво во вид на ѕидни облоги и елементи за складирање, подни облоги како и топли бои на ѕидовите.

Но, важен момент исто така, беше и светлото - поточно бојата на светлото којашто го направи амбиентот топол.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-01_copy.jpg

Природни материјали и бои, природна светлина и растенија се клучни за јога студио заради своите природни карактеристики со цел на корисникот му се доближат сите елементи на природата во кој што тој/таа ќе се релаксира.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-07.jpg

Како ја балансиравте естетиката со функционалноста на студиото?

Битно беше да го ослободиме просторот за вежбање така што всушност целиот дизајн е на ѕидовите и плафонот.

Иако квадратурата не е мала, визуелниот ефект на ѕидовите околу вас предизвикуваат клаустрофобија, па затоа одлучивме да го олесниме просторот користејќи големи огледала во вид на сводови за визуелно зголемување на просторот.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-03.jpg

Вака корисниците нема да имаат впечаток дека просторот ги „гуши”.

Колку се важни боите при дизајнот на ентериерот? Зошто одлучивте да доминира портокаловата?

Во јога светот дознавме дека секоја боја има сопствено значење, а ние, во консултација со Лејла одлучивме да ја користиме портокаловата боја.

Во психологијата тоа е боја којашто го подигнува нивото на енергија, топла боја, боја која претставува радост и оригиналност, боја која делува против депресивни состојби и тага, поттикнува креативност, а исто така директно е поврзана со Будизмот.

Еден од примерите е облеката на монасите во будистички храмови која е градација на портокалова боја.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-02.jpg

Дизајнот на осветлувањето треба да создаде смирувачки амбиент, но и соодветна видливост. Кои беа критериумите за соодветно осветлување на ваков тип на простор и за каков тип на светлина се одлучивте?

Еден од последните предизвици ни беше осветлувањето. Како да осветлиме широк и низок простор, отворен со портокалов плафон.

Според фотомериска пресметка која што ни покажа колкаво количество на светлина ни е потребно одлучивме да го поделиме тој момент на плафонско примарно и ѕидно секундарно осветлување за создавање на различни амбиенти.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-04.jpg

На повеќе позиции на плафонот спуштивме кружни светилки коишто рамномерно даваат светлина и позади огледалата за надополнување и создавање на амбиент.

Со оглед на тоа дека имавме портокалов плафон сфативме дека ни треба контрастен тон на бојата на светлина за да не го оптеретиме просторот - затоа одевме на варијанта топла бела светлина од 4200К.

Што се однесува до просторот за складирање, како е решено истото? 

Просторот за складирање речиси секогаш пречи ама е неопходен. Ние пробавме да го камуфлираме во вид на ѕидна облога како не би доминирал во просторот, а сепак да е очигледен како корисниците би знаеле каде да ги сместат своите лични работи.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-06.jpg

Исто така, одлучивме да го искористиме и скалишниот простор направен од метална конструкција, во вид на фиоки за складирање на обувки при влегувањето во студиото со цел да се задржи максимално хигиената.

Колку време траеше процесот од дизајн до реализација? 

Процесот на проектирање и дизајн, исцртување технички цртежи за изведба со сите потребни пресметки и правење на листи за набавка како и изведба на работите траеше два месеци.

Во координација со клиентот реализиравме една навистина успешна приказна.

so-arhitektot-luka-radovikj-za-ureduvanje-na-enterier-na-joga-studio-vo-skopje-05.jpg

Какви се услуги нуди вашето проектантско студио „10.10 architects“, постои ли можност за ангажман од проектирање до изведба т.е. „клуч на рака“?

Општо е познато дека реновирање или градење, т.е. работа со мајстори е главоболка на секого, така што цел на „1010 студио“ е на клиентот да му овозможи релаксиран процес на реновирање или изградба на нов објект.

Ние нудиме проектирање, изведба, координација и менаџирање на проектите до изведба - да речеме “клуч на рака”. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg