Трендови за уредување од 2023-та кои треба да ги заборавиме во новата година
Многу голема (аголна) гарнитура, но и премногу уметнички дела на ѕидовите – кои трендови за уредување од минатата година веќе стануваат демоде и не се најпрактични, според дизајнери на ентериер?
Во 2023 година видовме голем број трендови за уредување. Дел од нив се класики што „се вратија“, а дел се нови идеи. Некои брзо згаснаа, а некои доминираа во текот на целата година.
Но, не сите се добри.
Кои трендови од 2023-та е подобро да ги оставиме зад нас?
Многу голема гарнитура
Ако имате навистина голема дневна соба, тогаш ќе ви треба и поголема гарнитура.
Но, во повеќето домови дневните не се доволно големи за огромна, масивна гарнитура. Ова парче мебел визуелно го намалува просторот и прави да изглед натрупано.
Истото важи и за масивните аголни гарнитури.
Доминација на сиви тонови
Сивите нијанси лесно се комбинираат, но изгледаат премногу монотоно, па дури и мрачно.
Дизајнерите на ентериер советуваат во новата година да внесете повеќе живи бои во домот кои ќе му дадат топлина и свежина.
Премногу координирани детали
Зелени перници и зелени завеси, или црвени перници и црвен тепих – ваквото координирање го олеснува декорирањето на домот, но не изгледа најдобро.
Секогаш е подобро да комбинирате повеќе бои и нијанси за да му дадете автентичен изглед на просторот.
Натрупан простор
Извесен период, најголем хит беше минимализмот, кој подоцна беше заменет со сосема спротивниот таканаречен максимализам.
Кое ќе го изберете, зависи од вашиот вкус, но важно е да не претерате.
Односно, ако сакате просторот да ви биде исполнет, немојте да ставате многу дезени, многу украси, многу бои…