Трендови за уредување од 2023-та кои треба да ги заборавиме во новата година
Премногу уметнички дела
Уметничките дела го разубавуваат просторот, но и во овој случај е важно да не претерате.
Немојте да ги трупате сите ѕидови со слики, туку направете суптилна галерија на само еден ѕид.
Отворени полици во кујна
Иако можеби сакате да ги покажете убавите садови, филџани и слично, отворените полици бараат премногу грижа.
Односно, ќе треба да се потрудите секогаш да бидат добро организирани и ќе треба да бришете прашина многу почесто.
Па, ако немате време за ова, одлучете се за шкафчиња во кујната.
„Студено“ светло
Белото светло делува студено, па дури и непријатно.
Во ред е да имате и вакви светилки, но осигурете се дека во сите простории ќе имате и потопла светлина која создава удобна и пријатна атмосфера.
Таван со дречлива боја
Минатата година доста популарно беше фарбањето на таванот со дречлива боја наместо ѕидовите.
Иако ова можеби изгледа интересно, таванот ќе го одвлече целиот фокус од просторијата.
Таванот не треба да доминира, па ако не сакате да биде бел, подобро одлучете се за текстура или некоја посуптилна нијанса.
Спирова С. | Црнобело