8 едноставни трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата соба

Не ставајте голем тепих на подот и одберете понизок мебел – Постојат трикови со кои ќе создадете илузија на пространост и во најмалите простории.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-ja-zgolemite-i-najmalata-soba-01.jpg

Со паметно избирање на мебелот и деталите во ентериерот, секоја соба може да изгледа пространа, без разлика колку е всушност мала.

Неколку работи на кои треба да обрнете внимание во овој случај:

Ставете тапети

Тапетите додаваат длабочина на собата и со тоа ја прават визуелно поголема.

Само внимавајте – немојте да ја покриете целата соба со тапети бидејќи ќе добиете спротивен ефект.

Најдобро е да ставите тапет на еден или на два паралелни ѕида.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-ja-zgolemite-i-najmalata-soba-02_copy.jpg

Додајте големо огледало

Кога немате простор за други декорации, нема да погрешите со големо огледало кое значително ќе го зголеми просторот.

За да го засилите ефектот на оваа илузија, можете да поставите и две огледала паралелно едно на друго.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-ja-zgolemite-i-najmalata-soba-03.jpg

Внимателно одберете што ќе ставите на подот

Ако станува збор за многу мала просторија, немојте целиот под да го покриете со тепих.

Најдобро е да ставите мал тепих само каде што ви е поставена гарнитурата.

Ако целосно ја реновирате просторијата, за визуелно да ја зголемите, најдобро е да ставите таркет.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-ja-zgolemite-i-najmalata-soba-04.jpg

Обрнете внимание на висината на мебелот

Во мала просторија, особено со пониски тавани, важно е да ставите мебел кој не е многу висок.

Со ова ќе се создаде илузија на пространост и висина.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-ja-zgolemite-i-najmalata-soba-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 трикови како есенски да го декорирате вашиот дом (нема да ви се излегува) Од свеќи во форма на тиква, послужавници од дрво, есенско цвеќе до пернички и ќе...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
6 знаци дека ентериерот ви е како затворска ќелија (и како да ги коригирате грешките) Стерилен простор без украси, целиот мебел залепен за ѕидот - некои грешки во уре...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно (без да потрошите богатство) Скријте ја корпата за отпадоци и ако не сте во можност за купување нови шкафчиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg