8 едноставни трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата соба
Дајте им предност на посветлите бои
Иако темните нијанси можат да изгледаат одлично во ентериерот, ако целта ви е просторијата да изгледа поголема, секогаш давајте им предност на посветлите.
Ако сакате и нешто потемно, нека биде само по некој детаљ.
Светлото е многу важно
Светлата просторија секогаш изгледа поширока од темната.
Ако прозорците во собата се многу мали, слободно додајте уште некој извор на светлина, како подна ламба.
Избегнувајте темни завеси
Во малите простории важно е максимално да ја искористите светлината од прозорците.
Што значи, немојте да ги криете со многу темни и тешки завеси.
Минималистичко уредување
Кога во просторијата има многу предмети, нормално е да изгледа затрупано, а со тоа и помало.
За илузија на поширок простор, дајте му предност на минималистичкото уредување.
Спирова С. | Црнобело