8 едноставни трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата соба
Не ставајте голем тепих на подот и одберете понизок мебел – Постојат трикови со кои ќе создадете илузија на пространост и во најмалите простории.
Со паметно избирање на мебелот и деталите во ентериерот, секоја соба може да изгледа пространа, без разлика колку е всушност мала.
Неколку работи на кои треба да обрнете внимание во овој случај:
Ставете тапети
Тапетите додаваат длабочина на собата и со тоа ја прават визуелно поголема.
Само внимавајте – немојте да ја покриете целата соба со тапети бидејќи ќе добиете спротивен ефект.
Најдобро е да ставите тапет на еден или на два паралелни ѕида.
Додајте големо огледало
Кога немате простор за други декорации, нема да погрешите со големо огледало кое значително ќе го зголеми просторот.
За да го засилите ефектот на оваа илузија, можете да поставите и две огледала паралелно едно на друго.
Внимателно одберете што ќе ставите на подот
Ако станува збор за многу мала просторија, немојте целиот под да го покриете со тепих.
Најдобро е да ставите мал тепих само каде што ви е поставена гарнитурата.
Ако целосно ја реновирате просторијата, за визуелно да ја зголемите, најдобро е да ставите таркет.
Обрнете внимание на висината на мебелот
Во мала просторија, особено со пониски тавани, важно е да ставите мебел кој не е многу висок.
Со ова ќе се создаде илузија на пространост и висина.