7 застарени работи во домот кои (конечно) треба да ги исфрлите и да ги замените со нови
Во времето на паметната технологија, реалност станаа и прекинувачите кои работат на гласовна команда. Па, така, само со еден збор можете да го вклучите или исклучите светлото – и тоа без да станете од креветот.
Некои работи се толку долго во вашиот дом, што веќе не ги ни забележувате.
Сепак, дури и работите на кои сте толку многу сте навикнати и кои ви даваат пријатно чувство, по некое време застаруваат и треба да се заменат со нови предмети.
А тие ќе му дадат нова свежина на домот, но и ќе ви го направат животот поудобен.
Класичен фрижидер
Вградените фрижидери сè почесто ги заменуваат конвенционалните модели.
Овие „плакари“ зад кои ќе го скриете фрижидерот се убави за гледање, не зафаќаат многу простор и му даваат нов сјај на домот. Поради нивната суптилна „фасада“, тие можат лесно да се вклопат секаде.
Напредна верзија на вградените фрижидери се вградените фиоки со ладење, кои полека почнуваат да се користат и кај нас, а кои делуваат модерно и интересно.
Ламби од минатиот век
Сигурно некаде во домот имате некоја стара ламба која останала од вашите мајки или баби и не сакате да ја фрлите бидејќи ви буди носталгија.
Но, ваквите ламби делуваат застарено, брзо фаќаат прашина, и признајте, само го нагрдуваат просторот.
Новите ламби се модерни, практични, со едноставен дизајн и не толку впечатливи во просторот.
Садови за сапун
Време е да ги фрлите пластичните садови за сапун и да ги замените со шишенца во кои ќе чувате течен сапун.
Иако течниот сапун можете да го ставите над лавабото во оригинално пакување, денес се продаваат диспанзери за сапун во различни бои, форми, големини, кои можат лесно да се вклопат во секој простор.
Уште подобро е тоа што не мора да ги чистите често, бидејќи, за разлика од класичните пластични садови за сапун, овие не се валкаат толку многу.