7 застарени работи во домот кои (конечно) треба да ги исфрлите и да ги замените со нови
Цвеќиња како прочистувач на воздухот
Луѓето веруваат дека цвеќињата го прочистуваат воздухот, но факт е дека тие само помагаат во создавањето кислород.
На пазарот веќе неколку години може да се најдат специјални прочистувачи на воздухот, кои ефикасно ги отстрануваат алергените, па дури и непријатните миризби од воздухот.
Сепак, ако се решите да купите прочистувач на воздухот, треба да обрнете внимание на типот на филтри што ги има и колку е гласен кога ќе се вклучи (особено ако го оставете да работи ноќе додека спиете).
Здодевни саксии за цвеќиња
Времето на здодевни пластични саксии за цвеќиња е зад нас.
Сега се во мода интересни и необични дизајни, кои делуваат свежо и оригинално и кои му даваат посебен „шмек“ на домот.
Черги во тоалетот
Исфрлете ги традиционалните черги од тоалетот и заменете ги со нови.
Иако изборот е огромен, во последно време хит се патосниците од мемори пена, кои не се лизгаат, брзо апсорбираат течности и се удобни кога ќе згазите врз нив.
Прекинувачи за светло
Сите сме научени да го палиме или гасиме светлото преку класичните прекинувачи.
Но, во времето на паметната технологија, реалност станаа и прекинувачите кои работат на гласовна команда, па, така, само со еден збор можете да го вклучите или исклучите светлото – и тоа без да станете од креветот.
А. Ј. | Црнобело