Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино)
Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат бањата да ви изгледа монотоно, па и евтино, дури и ако е потполно нова.
Кели Кругер е дизајнерка на ентериер. За Insider, таа споделува кои ситници во бањата според неа го уништуваат целиот ентериер во оваа просторија.
Нејзините совети во продолжение:
Плочки од подот до таванот
Иако во некои бањи плочките од подот до таванот можат да изгледаат добро, во повеќето случаи овој дизајн изгледа монотоно и студено.
Покрај тоа, ако некогаш сакате да ја реновирате бањата, отстранувањето на сите плочки ќе ве чини многу пари.
Пластични садови за сапун и слично
Садот за сапун, корпата за отпадоци, прстените на завесата на кадата – сето ова се работи што можат да изгледаат евтино ако се пластични.
Вреди да вложите во други материјали за овие предмети, како метал или керамика, бидејќи не само што бањата ќе изгледа подобро, туку и ќе ви траат подолго.
Црни тоалетни школки и мијалници
Можеби на прв поглед изгледаат добро, но црните тоалетни школки и мијалници се ужасни за чистење.
На нив ќе се познаваат и најмалите дамки од бигор, па нема да изгледаат воопшто добро.
Комплети крпи со иста боја
Крпите се одличен начин да додадете боја во вашата бања.
Можете да комбинирате крпи за лице со една боја, а крпи за раце со друга.
Можете и да ги усогласувате со другите елементи во бањата, како килимот на подот или завесата на кадата.
Крајниот резултат ќе биде персонализирана бања со впечатлив изглед.