10 ситници со кои ќе направите домот да изгледа луксузно, без да потрошите многу пари
Извадете ги магнетите од фрижидерот, шарените ретро пешкири заменете ги со еднобојни, завесите закачете ги повисоко - мали промени во домот со кои ќе додадете луксузна нота, без да се потрошите многу.
Понекогаш, не е потребно да правите целосно реновирање или да потрошите куп пари за да направите разлики во изгледот на вашиот дом.
Некои работи треба да ги фрлите, некои да ги потсредите и организирате, а нешто ќе треба и да купите, но не е ништо големо.
Во продолжение неколку идеи како домот да ви изгледа полуксузно:
Користете навлаки за перници кои не се преголеми за да не излегуваат од нив, туку „пасент“ за да изгледаат поубаво и богато наполнети
Старинските лустери заменете ги со помодерни
Секогаш имајте вазна со свежо цвеќе во домот
-->
-->
Завесите закачете ги што е можно повисоко за просторот визуелно да изгледа поголем
-->
Бирајте тепих со соодветна големина – преголем тепих може да ја намали визуелно просторијата
Обојте ги рамките од прозорците ако изгледаат застарено
Ноќната масичка, комодите, библиотеките расчистете ги од непотребни додатоци – нека бидат видливи само неопходни и декоративни елементи
Отстранете ги магнетите од фрижидер – ќе изгледа поелегантно без цело тоа шаренило
Користете пешкири во иста боја и тоа светла, наместо шарени и различни
Бирајте постелнина во светли или пастелни нијанси, наместо распар или шарени и натрупани
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише)
Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи
Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...

7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен
Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Хотелот во Париз кој секоја девојка сонува да го посети (фото)
Со винтиџ огледала, кристални лустери и камин... Хотел кој ќе ви даде чувство де...

Еден детаљ кој ќе ја претвори вашата кујна во луксузно катче
Златната боја симболизира богатство и топлина, а во кујната само еден или неколк...

Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости)
Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозор...