Модерни детали кои треба да ги избегнувате кога го реновирате домот
Керамички мијалник во кујната и чешми од темни метали се само дел од модерните детали кои му даваат луксузен изглед на домот, но не се најпрактични.
Ако го реновирате домот, нормално дека ќе сакате модерни детали.
Но, некои е подобро да ги избегнувате, без разлика колку добро изгледаат, бидејќи не се најпрактични.
Кои модерни детали е најдобро да ги избегнувате?
Гравиран мијалник
Иако изгледа стилски, чистењето на овие мијалници е навистина тешко.
Уште полошо е ако мијалникот има темна боја на која ќе се познава секоја дамка бигор или паста за заби.
Многу голема туш глава
Големите туш глави изгледаат примамливо, но не се најпрактични ако имате мал простор.
Можат да прскаат повеќе од помалите, што значи со секое туширање ќе направите хаос во бањата.
Покрај тоа, бидејќи е потребно поголемо количество вода, можно е да имате и проблеми со притисокот.
Бел под во кујната
Подот во кујната се валка многу често.
Ако е бел, ќе треба да го чистите буквално секој ден за да изгледа добро.