Модерни детали кои треба да ги избегнувате кога го реновирате домот
Многу голем керамички мијалник во кујна
Нема ништо подобро од алуминиумски мијалник во кујната – издржлив е и лесен е за чистење.
Големите бели керамички мијалници од друга страна се валкаат многу лесно, а ако ви падне само една потешка тава, најверојатно ќе се скрши.
Чешми од темни метали
Невозможно е да не ги испрскате чешмите со вода.
А. ако се црни, на нив постојано ќе се познаваат дамки бигор.
Бели лајсни
Белите лајсни му даваат луксузен изглед на домот, но не заборавајте дека на нив лесно се акумулира прашина.
Па, освен ако не сакате да ги чистите скоро секој ден, подобро ставете потемни лајсни.
Мали керамички плочки
И овојпат проблем е чистењето.
Многу е потешко темелно да ги исчистите малите плочки отколку големите, па избегнувајте ги.
Спирова С. | Црнобело