На гости кај Розалиа: Семејна куќа од 110m2 во Кавадарци со детски соби со балдахини (фото)
- Детали
- понеделник, 16 јануари 2023
„Времето поминато со семејството во периодот на празниците е бесценето, уживаме во заедничкото семејно китење на домот. Омилени простории во домот ни се кујната и детските соби“, споделува Розалиа Митрев (37) од Кавадарци за CRNOBELO.com.
Розалиа Митрев (37) од Кавадарци, по професија мејкап артист, со своето семејство живее во куќа од 110m2.
Вели дека најмногу време со семејството минуваат во детските соби, каде за нејзините дечиња има прекрасни кревети со балдахини.
За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:
„За уредувањето на ентериерот се грижиме заедно со сопругот веќе 10 години.
Постојано нешто менуваме, за кујната морам да признаам од самиот почеток најмногу се грижи мојот сопруг, како за уредување така и за готвење. Тој ужива повеќе од мене во тоа.
Семејно пак сите заедно најмногу уживаме во детските креветчиња на Сузана и Андреј додека читаме книга или гледаме филм.
Дечките ми помагаат во новогодишните китенки, на радоста ѝ нема крај периодов.