Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела

Во однос на стилот во кој е уреден просторот се одлучив за класичен дизајн со елементи на модернизам.

Преовладува белата и светло кафената боја со одредени парчиња мебел со сиви тонови. Најголемо внимание посветив на уметничките слики и модните додатоци кои преовладуваат во златна боја, која навистина го оплемени просторот.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-27.jpg

Во дневниот простор се одлучив за уметнички слики од Корубин кои по стилот и темата на секоја од нив (Aura, Essence, Freedom) целосно се вклопија во нашата приказна и стил на живеење.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-18.jpg

Во детската соба се изработија три посебни слики од Да Винчи, Ајнштајн и Никола Тесла за нашиот син Филипе (7) кој е еден навистина уметнички и ретко креативен и иновативен карактер.

Обожава да дизајнира автомобили, да слика и црта, да чита енциклопедии и научни и уметнички книги. Има цела колекција на автомобили и составени Лего парчиња за кои осмисливме посебен дел каде истите се изложени во собата.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-46.jpg

Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлекуваат двата клима уреди во златна боја за кои сите се прашуваат каде успеавме да ги најдеме.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-29.jpg

Едно од омилените катчиња за сите нас е пространиот балкон од 10 м2 кој е опкружен со зеленило и парк што е навистина реткост за Скопје.

Наутро со кафе и добра книга уживаме да седиме на лулашката на балкон и да го слушаме цвркот на птици и детска смеа.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-02.jpg

И за крај сите по дома сме ’зависници‘ од читање на книги. Имаме изобилство на стручна литература и беше неопходно да се осмисли каде сè ќе се сместат сите тие книги.

Имаме три библиотеки во просторот, една во спалната, една во трпезарискиот дел и една која е навистина уникатна и остава посебен впечаток.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-36.jpg

Изработивме во дневниот простор ѕидна часовник библиотека за која нашиот син беше фасциниран кога првпат ја виде. Само рече: Сега може да си бираме во колку часот која книга ќе ја читаме.

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-26.jpg

Погледнете повеќе фотографии од домот на Вероника:

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-20.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-23.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-37.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-39.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-33.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-06.jpg

vo-domot-na-veronika-stan-od-71m2-vo-karposh-so-zlatni-detali-3-biblioteki-i-mnogu-umetnichki-dela-04.jpg

Messenger_creation_aca81d11-6ad4-4ad5-911e-26cfb8d9840c_copy.jpeg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен „Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и оп...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg