На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото)
Традиционално, украсувањето започнува од нејзиното височество - елката. Таа се украсува со албум од Мајкл Бубле, новогодишни песни и чаша бело вино.
Инспирација добивам и разменувам искуства следејќи трендови по социјалните мрежи, но сепак замислата е моја и идеите ги споделувам несебично и ми е драго што и јас некого инспирирам.
Подароци давам за Божиќ и најчесто се ставаат под елка, непосредно пред празникот.
Секако, и кога се пречекуваат гости масата е декорирана празнично.
Како мајка се трудам и на моето дете да му ја пренесам љубовта и посветеноста кон работите што ги сакам, во случајов сега кон овие празнични денови бидејќи семејството е најважно, а истото се случува и во училницата со моите ученици каде веќе имаме создадено зимска бајка“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело