На гости кај Елена: Стан од 76m2 во скопската населба Аеродром со современа дневна и детски соби со мурали (фото)
- Детали
- сабота, 11 ноември 2023
„Трпезариската маса ни е со црно стакло и намерно ја вклопив со цел да го разбие моментот на дрво и да даде пософистициран и поелегантен изглед. Столовите се во тиркизна боја кои ја разбиваат монотонијата и заедно со останатите ситни детали во тиркизна боја дадоа живост на целата дневна соба. Дури и креветот во спалната соба ни е тиркизен“, вели Елена Зафировска (35), радиолошки технолог, за својот стан во Скопје, каде живее со сопругот и ќерките.
Елена Зафировска (35) е дипломиран радиолошки технолог и вработена е во Универзитетска клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски, како радиолошки технолог.
Во станот од 76m2 во скопската населба Аеродром живее со сопругот Филип (36), сопственик на приватна фирма за транспорт и со двете деца Стефани (11) и Сара (7).
За уредувањето на нејзиниот дом таа открива детали за CRNOBELO.com:
„Идејата за уредувањето на станот беше инспирирана од современоста и практичноста истовремено.
Бидејќи сум љубител на дизајн и креативност одлучив да дадам идеја за уредување на станот, која заедно со архитектот ја усовршивме.
Кујната е слатка инспирација за готвење во темносива боја, комбинирана со дрво кое го освежува изгледот.
Практична е и доволна за да уживам да го поминам слободното време во пробување на нови рецепти.
Трпезариската маса е со црно стакло и намерно ја вклопив со цел да го разбие моментот на дрво и да даде пософистициран и поелегантен изглед.
Столовите се во тиркизна боја кои ја разбиваат монотонијата и заедно со останатите ситни детали во тиркизна боја дадоа живост на целата просторија.
Бидејќи ѕидот во дневната просторија е изработен со техника во која преовладува потемна сива боја, гарнитурата е светлосива за да го отвори целиот простор.
Масичката е од масивно дрво со црни ногарки. Позадината кај телевизорот доминира во целиот простор и се вклопува во истиот.
Љубител сум на цвеќиња и книги и дефинитивно моето омилено место во станот е катчето со книги, кое уживам да го надополнувам.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





