8 најважни правила за пресадување на цвеќињата без да ги оштетите
За цвеќињата да не стагнираат, мора да се пресадуваат на година до две, зависно од видот.
За добро да напредуваат и да не ви изумрат за неколку недели по купувањето, освен добрата и соодветна нега, треба да знаете како правилно се пресадуваат.
Потребни ви се соодветна саксија, нова земја и овие 8 правила:
1. Одберете саксија за неколку сантиметри поголема од претходната.
2. На дното на саксијата задолжително ставете дренажа – слој каде ќе оди вишокот вода, за корените да не изгнијат. Може да се послужите со парче стиропор.
3. Внимателно, со протресување одстранете ја старата земја од корењата.
4. Коренот на растението ставете го на дното од саксијата, па дополнувајте со земја.
5. Добро налејте со вода за земјата рамномерно да се распореди.
6. Земјата не треба да ја набивате и натискате, туку само цветот да е стабилен во неа. По залевањето, никако не ја притискајте.
7. Неколку дена оставете ја саксијата на суво и топло место, подалеку од сонце.
8. Не ги пресадувајте цвеќињата додека цветаат, односно почекајте ги да прецветаат.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





