Трикови со кои цвеќињата во домот нема да ви венеат и ќе изгледаат подобро
Растенијата се одличен начин да го освежите просторот во домот, но не секој е експерт за нивно одгледување.
Некои растенија навистина бараат многу грижа, и ако не знаете многу за нив, сигурно ќе ви овене барем едно. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од ова хоби.
Во продолжение погледнете неколку градинарски трикови со кои вашите растенија ќе изгледаат одлично и нема да венеат:
Хидроген пероксид
Поради кислородот во него, хидроген пероксидот го поттикнува растот на корените. Истовремено, им помага на корените подобро да ги апсорбираат хранливите материи од почвата и ги уништува штетнитниците.
За растенијата измешајте 1 лажица 3% хидроген пероксид со шолја вода, ставате го растворот во шише со распрскувач и прскајте ги растенијата еднаш неделно.
Сунѓер за одржување на влажноста
Сунѓерот поставен на дното на саксијата ќе ја задржи влажноста на земјата и ќе делува како резервоар за вода.
Можете да го користите сунѓерот и за ’ртење семе – направете засек во сунѓерот, навлажнете го и ставете го семето внатре. Кога ќе изрти, засадете го во саксија со почва.
Цимет
Циметот е одличен начин да ги држите штетните инсекти подалеку од вашите растенија. Тој ќе го спречи и создавањето габи, односно мувла во почвата. Сè што треба да направите е да ставите малку цимет во прав во земјата околу растението.
Аспирин
Изгледа аспиринот е добар лек и за вашите растенија. Растенијата самите произведуваат мало количество салицилна киселина, што им помага да се справат со штетниците и болестите.
Бидејќи главната состојка на аспиринот е оваа киселина, овој лек може да им годи на растенијата. Некои истражувања покажале дека аспиринот може и да го забрза и поттикне растот на растенијата.
Доволно е да растворите 1/4 таблета во 2 литри вода и наводнувајте ги растенијата со растворот двапати неделно.
Лушпа од банана
Лушпата од банана можете да ја користите како ѓубриво за вашите растенија. Кога лушпата се распаѓа во почвата, таа ослободува калиум и мало количество фосфор и магнезиум. Во зависност од големината на саксијата, пресечете дел од лушпата и ставете го во земјата.
Масло од рицинус
Слично како лушпата од банана, маслото од рицинус ќе ја нахрани земјата со материи како магнезиум, фосфор и калиум.
Во еден литар вода додајте 1 лажичка масло од рицинус, добро промешајте и ставете од растворот во земјата.
Талог од кафе
И талогот од кафе е одлично ѓубриво за вашите растенија, бидејќи содржи калиум, фосфор и други важни микронутриенти. Па, откако ќе го испиете кафето, соберете го талогот и додајте малку во земјата на растенијата.
Напомена: Овие совети и трикови се преземени од интернет, каде луѓето споделувале свои искуства. За вашиот случај, сепак можете да се консултирате со искусен градинар/цвеќар, кој ќе ви даде најдобар совет конкретно за вашето растение.
Спирова С. | Црнобело