Домашни растенија што можат да бидат опасни за вашето милениче

Растенијата се одличен начин да внесете зеленило во вашиот дом, но ако имате милениче, треба да бидете внимателни со изборот.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-01.jpg

Имено, животните имаат навика да грицкаат сè и сешто, вклучувајќи ги и растенијата во домот. Проблемот е што некои растенија можат да бидат отровни за нив.

Затоа, погледнете кои растенија треба да ги избегнувате ако чувате милениче:

Лалиња

Лалињата се опасни и за мачки и за кучиња, и можат да предизвикаат повраќање и дијареја.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-02.jpg

Нарциси

И ова е цвет што е штетен и за мачки, и за кучиња. Нарцисите можат да предизвикаат повраќање и дијареја, а ако миленичето изеде многу од нив, постои опасност од низок крвен притисок, па дури и мозочен удар. Цветот е најотровниот дел од растението.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche.jpg

Лилјани

Лилјаните се опасни за мачките и можат да им предизвикаат сериозни проблеми со бубрезите. Ако чувате куче, ова цвеќе е безбедно за него.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-04.jpg

Зумбул

Многу луѓе одгледуваат зумбули, но и ова цвеќе е опасно за кучиња и мачки. Исто како лалињата, зумбулите можат да предизвикаат повраќање и дијареја.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-05.jpg

Бршлен

Бршленот може да предизвика многу проблеми со дигестивниот систем на мачките и кучињата.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-06.jpg

Хортензија

Уште едно цвеќе што предизвикува дијареја и повраќање кај мачките и кучињата.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-07.jpg

Азалеа

Ова цвеќе може да предизвика слабост, проблеми со срцето, повраќање и дијареја, и кај кучињата, и кај мачките.

domashni-rastenija-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-mileniche-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg