Изложеноста на зелени површини ја зголемува креативноста за 50%

Честото одење во природа не релаксира, го зголемува нашиот имунолошки систем и креативност. Ни открива нешто ново, предизвикува чуда и го буди позитивното во нас. Според студијата објавена во американскиот магазин “Личноста и социјалната психологија”, само со четири дена поминати во природа, далеку од електронските уреди, може да се зголеми креативноста за дури 50%.

izlozenosta-na-zeleni-povrsini-ja-zgolemuva-kreativnosta-za-50-1.jpg

Дополнително, истражувањето покажало дека кога испитаниците во работните простории биле изложени на зелени површини, како на пример вертикални градини, зелени дизајни во форма на топки, бонсаи дрва, рамки и растенија, дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на бела боја.  

izlozenosta-na-zeleni-povrsini-ja-zgolemuva-kreativnosta-za-50-2.jpg

Бидејќи не секогаш можеме да престојуваме во природа, барем зелената декорација и нејзините позитивни ефекти можеме да ги внесеме во нашиот дом или канцеларија.! Токму поради тоа, тренд во светот, а и во Македонија е аплицирањето на вертикални градини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

izlozenosta-na-zeleni-povrsini-ja-zgolemuva-kreativnosta-za-50-3.jpg

Изложеноста на зелени декорации го зголемува и имунитетот за околу 50%. Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас.

Повеќе инфо на https://flowercity.mk/

izlozenosta-na-zeleni-povrsini-ja-zgolemuva-kreativnosta-za-50-4.jpg

izlozenosta-na-zeleni-povrsini-ja-zgolemuva-kreativnosta-za-50-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување кротон – растение со уникатни листови кое бара посебна нега Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во сек...
4 растенија што ќе ви го претворат балконот во цветна оаза, а се лесни за одгледување Сарделата има цветови во неколку нијанси и бара директна сончева светлина, а еди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg