Кои цвеќиња и растенија се садат во лето?
Преовладува мислење дека есента и пролетта се најповолно време за садење на декоративни растенија и цвеќиња. И тоа не е неточно, но сепак добро упатените знаат дека безмалку сите растенија кои добро се закоренети и одгледани во саксија може да се садат и пресадуваат во лето.
Летото е исто така поволен период за размножување, ожилување на гранчиња од повеќе видови кои можат вегетативно да се размножуваат. Сепак постојат некои растенија кои е препораќливо да се садат во лето. Како на пример лаванда, розмарин, жалфија, оригано, босилек и многу други кои сакаат сонце, на кои само треба да им се одбере сончева најмногу до полу сенковита отворена, проветрена позиција, и секако редовно полевање откако ќе се насадат.
Летото е одличен период секоја градина да добие дополнителна убавина и грандиозност а тоа лесно може да се добие на пример со Хортензијата.
Грмушка која го оплеменува просторот, внесува колорит и убавина во вашата градина.
Посетете го Градинарскиот Центар ФОЈА , каде што покрај Хортензиите може да најдете многу повеќе.
Би можело да ве интересира:





