Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Едноставен трик за богат цут на саксиското цвеќе

На секое саксиско цвеќе му е потребно дополнително хранење, особено во вегетативниот период и периодот на цветање. А, сте знаеле ли дека обичниот квасец е неверојатно корисен за таа намена?

ednostaven-trik-za-bogat-cut-na-saksiskoto-cvekje-1.jpg

Квасецот може да предизвика зголемен раст и процут дури и кај најбезнадежните билки.

Фитохормоните, витамините од групата Б и ауксините (растителните хормони), кои се наоѓаат во составот на квасецот, активно ја стимулираат клеточната делба и растот на растенијата. Потхранувањето од овој тип се користи од страна на професионалните одгледувачи на растенија.

Со примена на квасецот како храна за растенијата, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во почвата, се зголемува содржината на јаглерод диоксид, на микро и макро елементите, што има особено благотворно влијание на кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.

Според тоа, доколку сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, подгответе раствор од квасец за нивно потхранување.

Во продолжение, ви го откриваме рецептот и начинот на употреба.

ednostaven-trik-za-bogat-cut-na-saksiskoto-cvekje-2.jpg

Потребни состојки:

  • 10 грама свеж квасец;
  • 1 кафена лажица шеќер;
  • 1 литар топла вода.

Начин на подготовка:

Растворете го квасецот во топла вода, додадете една кафена лажица шеќер и добро промешајте. Оставете го да отстои минимум 2 часа.

Со вака подготвениот раствор залевајте ги цвеќињата двапати месечно во есенско-зимскиот период, а еднаш во десет дена во пролетно-летната сезона.

Ќе забележите дека листовите ќе станат позелени, а цветовите побујни и побогати.

Прочитајте и Само една капка им е доволна на сарделите да цветаат како „луди“ – што треба да им ставите?

ednostaven-trik-za-bogat-cut-na-saksiskoto-cvekje-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Завиткајте ги во весник и уште 4 трикови со кои лалињата подолго ќе бидат свежи во вазна Пред да ги ставите во вазна, завиткајте ги лалињата во весник и оставете ги така...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување кампанула - едноставно цвеќе кое не бара голема нега За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg