Цветна градина во близина на Милано, со посадени 250 илјади лалиња (фото)
Огромна градина која брои 250 илјади лалиња од 183 различни видови, ќе ја краси Италија.
Ова е прва цветна градина од ваков тип во Италија, а ќе може да се посети секоја година од втората половина од март, па до крајот на април.
Идејата е на холанѓанецот Едвин Коеман и неговата партнерка Нитсуе Воланиос, кои планираат градината да ја направат отворена 7 дена во неделата од 9 часот до 19:30.
За да влезете во неа ќе треба да купите 2 лалиња (вкупно 3 евра).
„Целата моја фамилија е посветена на одгледување на лалиња. Одлучивме да го пробаме ова тука, бидејќи знаеме дека Италијанците сакаат убави работи. Па потоа идејата ни е овде да се преселиме засекогаш.“
М. Д. | Црнобело