Идеи како да го украсите балконот со сезонско цвеќе (фото)
Сезонски цвеќиња убаво распоредени низ просторот... Како да го украсите балконот пред почетокот на пролетната сезона?
Полека се запролетува, времето станува потопло, денот е подолг, па најверојатно е време да ги извадите и цвеќињата на балконот.
Освен оние што веќе ги имате дома, можете да купите уште некое сезонско цвеќе, кое ќе расцвета на балконот и ќе го направи повесело место во кое ќе можете да поминувате пријатни мигови.
Можеби имате точно одредено место кај ги ставате цвеќињата (на полици, по гелендерите или на ѕидовите), а можеби само ги „вадите“ на балконот, без некој посебен ред.
Па, ако не знаете како да ги наместите саксиите, особено ако имате мал балкон, погледнете ги овие идеи за тоа како да го украсите балконот...
А. Ј. | Црнобело