Совети за одгледување хризантема - најубавото есенско цвеќе

Хризантемите сакаат светлина, но многумина забораваат дека тие треба да бидат заштитени од ветер. Како правилно да се грижите за најубавото есенско цвеќе?

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-01.jpg

Денес хризантемите се одгледуваат низ целиот свет, а ги има околу 3.000 видови, во различни облици и бои. Тие ги полнат градините до доцна есен со црвени, жолти, портокалови, бели, розови, па дури и виолетови цветови.

Затоа, со причина хризантемата е наречена и „кралица на есента“.

Ако се засадени во украсни саксии, хризантемите може одлично да се вклопат во секој модерен ентериер, а со оглед на тоа што се достапни во широк спектар на бои, лесно ќе ја пронајдете онаа нијанса која одговара на вашиот простор.

Нив може да ги одгледувате во градина, на тераса или балкон. Букетот хризантеми ќе ви остане свеж во вазната долго време.

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-02.jpg

Доколку сте љубители на ова цвеќе, веруваме дека советите во продолжение ќе ви бидат од корист: 

Кога и каде да ги засадите хризантемите?

Кога станува збор за местото на хризантемите, може да бидат на полусенка, но да внимавате да имаат и доволно сончеви часови. Исто така, имајте предвид дека треба да бидат заштитени од ветер (ова е нешто на што многумина забораваат при садење).

Без разлика дали ќе ги засадите во саксија или во градина, важно е да изберете почва која не е кисела или глинеста. 

Што се однесува до времето на садење, хризантемите важат за едни од најубавите есенски цвеќиња, при што најдобро е да се засадат во мај, за наесен да бидат во полн цут.

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-03.jpg

Совети за заштита и одржување на хризантемите

Хризантемите се стар и отпорен вид, но некои понови хибриди се почувствителни на студ и штетници. Тие најчесто страдаат од дамки на листот, пепелница и други болести.

Може да ставите мелен црн пипер околу коренот, како органско средство против штетници, кој можеби ќе ги избрка пајаците, вошките и полжавите.

Но сепак, доколку не согледувате корист од овој метод, тогаш можеби треба да побарате совет во најблиската земјоделска аптека.

Што се однесува до наводнувањето и ѓубрењето, имајте предвид дека хризантемата не сака наводнување кога е директно на сонце, туку тоа најдобро е да го правите наутро или навечер.

Од јуни до септември треба да се полева обилно, а кога ќе почне да цвета се наводнува секојдневно, но помалку. Важно е да внимавате да не ги навлажните листовите и цветовите.

Ако се засадени во саксии, хризантемите треба да се прихрануваат еднаш до двапати месечно, сè додека не почнат да цветаат, а тогаш престанува прихраната.

Доколку, пак, се посадени во градина, првпат се прихрануваат во април со растворено азотно ѓубриво, во фаза на формирање пупки се хранат со мешавина од азот и фосфорна киселина, а есенската прихрана се врши со фосфорно и калиумово ѓубре.

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg