Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот
Постојано им ги менувате вазните
Ова е честа грешка која има лошо влијание врз растенијата.
За секое растение постои одреден период кога може да се пресадува, па истражете за тоа.
Исто така, немојте често да им го менувате местото на растенијата бидејќи и ова има (негативно) влијание.
Ставате многу растенија едни до други
Ако имате градина во дворот, немојте да ги садите растенијата премногу блиску едни до други бидејќи на сите им треба одреден простор.
И кога се засадени во посебни саксии, немојте да ги чувате сите една до друга, туку оставете малку простор.
Ги чувате во саксии без дренажа
Ако на дното на саксиите нема дупки, водата ќе остане заробена во почвата бидејќи растението не може да ја впие цела за краток период.
Ова, пак, може да го оштети коренот.
Никогаш не ги пресадувате растенијата
Некои растенија можете да ги чувате во иста саксија со години.
Но, за некои е препорачливо да ги пресадите во поголема саксија по извесен период.
Ставате премногу ѓубриво
Постои правило и за ставањето ѓубриво.
Генерално, за повеќето растенија треба да користите повеќе ѓубриво во сезоната на растење, најчесто пролет и лето. Во зима ставајте поретко.
И овојпат, истражете за потребите на секое од вашите растенија.
Спирова С. | Црнобело