Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење

Секој цвет има своја симболика, па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесете, одбирајте внимателно каков цвет ќе подарите.

cvekinja-koi-sekogas-gi-podaruvame-no-ne-go-znaeme-nivnoto-znacenje-01.jpg

Кога и да станува збор за подарок за посебна личност и пригода, речиси секогаш изборот паѓа на убав букет цвеќе.

Но она што треба да се знае е тоа дека иако секогаш изгледаат префинето, одреден вид на цвеќиња не треба да ги подарувате бидејќи носат љубомора, презир и несреќа.

Па доколку верувате во вакви симболи, прочитајте што симболизира секое цвеќе:

Роза

Иако најчесто изборот паѓа на розите, сепак треба да знаете дека не секоја жена треба да добие роза.

Секоја боја има различна симболика па така црвените рози, симболизираат страст и љубов.

Ако се одлучите за бели рози треба да знаете дека симболизираат искреност и невиност. Жолтите рози значат неверство и љубомора.

cveke-podarok-05.jpg

Орхидеја

Жените се љубители на префинетата и нежна орхидеја која симболизира желба за успех и уникатност.

Овој вид на цвеќе најчесто се подарува на болни и трудници во болница, за да им посакаат брзо закрепнување.

Но, одлична е и како подарок доколку сакате некому да му посакате успех во кариерата.

cveke-podarok-06.jpg

Лале

Лалето е симбол на гордост и слава, па овој цвет е одличен избор за подарок. Но сепак треба да внимавате на бојата.

Црвеното лале симболизира љубов, жолтото лале е поврзано со безнадежна љубов. Розово лале означува грижа, а бело за простување.

cveke-podarok-03.jpg

Нарцис

Нарцисот исто така се смета за едно од омилените цвеќиња на жените, но неговото значење е самољубие, нарцисоидност, самобендисаност.

Жолтиот нарцис може да значи и презир.

cveke-podarok-02.jpg

Крин

Кога станува збор за цвеќиња кои најчесто се на списокот за подарок, тука е и кринот кој е симбол на бескрајна убавина, среќа, чистота, невиност, бесмртност и спасение.

Белиот крин значи невиност и чистота, жолтиот лага и измама, а виолетовиот крин значи враќање на среќата.

cveke-podarok-04.jpg

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com 

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg