Отстранување дамки, пеглање облека – за што сè можете да го користите фенот за коса?
Ако немате многу време за пеглање или сте останале без пегла во последен момент, можете да искористите фен за коса – испрскајте ја облеката со вода, па исушете ја со фен.
Фенот за коса е корисна алатка, и тоа не само за убавина.
Овој уред може да ви се најде низ домот и за други работи.
За што сè можете да го користите фенот за коса?
За отстранување дамки од дрвени површини
Ако направите дамка од чаша на дрвена површина, можете значително да ѝ ја намалите видливоста со фен за коса.
Пуштете го фенот на пониска температура и насочете го кон дамката. Важно е да го движите, а не да дувате само во една точка за да не го оштетите дрвото.
Имајте на ум дека процесот може да трае и повеќе од пет минути.
Одлепување стари фотографии
Ако стојат многу време, дури и во албум, фотографиите можат да се залепат.
За да ги одлепите, а да не ги оштетите, повторно можете да употребите фен.
И овојпат треба да го пуштите фенот на пониска температура и постепено одлепувајте ја фотографијата додека дувате.
Отстранување фластер
Топлината од фенот ќе го стопи лепилото на фластерот, па ќе го извадите многу полесно.
Отстранување заштитна фолија од телефон
Пуштете го фенот на најниска температура и на поголем растојание дувајте кон заштитната фолија.
Топлината делумно ќе го стопи лепилото, па полесно ќе ја отстраните фолијата.
Пеглање
Секако, не очекувајте со овој трик да замените пегла за облека или дека ќе измазните кошула совршено, но може да ви се најде во итни случаи.
Едноставно, испрскајте ја облеката со вода, па исушете ја со фен.
Виткање трепки
Ставете маскара, малку загрејте го виткачот за трепки со фенот, па извиткајте ги трепките.
Во овој случај бидете внимателни виткачот да не е премногу загреан бидејќи може да ви го изгори окото.
Спирова С. | Црнобело