9 грешки што ги правите со уредите во домот, а можат да ги оштетат

Дали вашиот Air Fryer е залепен до ѕид кога го користите и дали ставате фолија во него? А, дали имате навика да ставате многу омекнувач кога ја перете облеката? Очигледно, правите грешки за кои не сте свесни... 

9-greshki-shto-gi-pravime-so-uredite-vo-domot-a-mozhat-da-gi-oshtetat-01.jpg

Некои апарати во домот ги користиме секојдневно и не ни помислуваме дали можеби правиме грешка.

Во реалноста сите правиме по некоја грешка, а проблемот е што дел од овие грешки можат да ја намалат ефикасноста на некои уреди, па дури и да им го скратат рокот на траење.

Кои грешки треба да ги избегнувате?

Ставате многу омекнувач за облека

Ако ставите многу омекнувач, точно дека пријатниот мирис на облеката ќе биде поизразен, но ќе настанат други проблеми.

Најпрво, омекнувачот може да остави траги на облеката, па потоа ќе треба да ја перете уште еднаш.

Исто така, кога користите многу омекнувач тој брзо ќе се акумулира во машината за перење, па повторно ќе имате траги на чистата облека.

Секогаш е најдобро да ги следите инструкциите на самото пакување и да не ставате повеќе од тоа.

9-greshki-shto-gi-pravime-so-uredite-vo-domot-a-mozhat-da-gi-oshtetat-02.jpg

Го преполнувате фрижидерот

Не е препорачливо фрижидерот да биде празен, но не треба да биде ни преполн.

Причината за ова е едноставна – циркулацијата на воздухот во него.

Кога фрижидерот е преполн, студениот воздух не може да циркулира, па температурата во фрижидерот нема да биде иста насекаде. 

9-greshki-shto-gi-pravime-so-uredite-vo-domot-a-mozhat-da-gi-oshtetat-03.jpg

Ставате алуминиумска фолија во вашиот Air Fryer

За разлика од микробранова печка, генерално е безбедно да ставате алуминиумска фолија во вашиот Air Fryer.

Бидејќи ова зависи од моделот што го имате, препорачливо е детално да го прочитате упатството пред да почнете да користите алуминиумска фолија.

Кај некои модели, алуминиумската фолија не е воопшто препорачлива бидејќи го намалува перформансот на уредот, па дури може и да му го скрати животниот век.

Па, повторуваме – за да бидете сигурни, внимателно прочитајте го упатството.

9-greshki-shto-gi-pravime-so-uredite-vo-domot-a-mozhat-da-gi-oshtetat-04.jpg

Не оставате доволно место околу вашиот Air Fryer

Кога не го користите уредот, можете да го чувате каде било. Но, кога е вклучен, препорачливо е да има простор околу него – барем 10-тина сантиметри од секоја страна.

И за ова најдобро е да го прочитате упатството во случај на вашиот модел да му треба повеќе простор за струење на воздухот.

9-greshki-shto-gi-pravime-so-uredite-vo-domot-a-mozhat-da-gi-oshtetat-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg