Дамки од трева, боички на ѕидот – како најлесно да го исчистите детскиот неред?

Сосот од домати кој завршил на облеката можете лесно да го отстраните со пена за бричење.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-01.jpg

Дечињата можат да бидат несмасни и секој родител знае дека додека да пораснат, во домот ќе има многу незгоди како истурен сок или боички на ѕидот.

Добрите вести се дека повеќето вакви нереди можете лесно да ги исчистите ако знаете кои продукти треба да ги користите.

Како да го исчистите детскиот неред најлесно?

Боички на ѕидот

На памук ставете етерично масло од лимон и нежно истријте ги дамките од ѕидот. Маслото од лимон ќе ги отстрани боичките без да ја оштети бојата на ѕидот.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-02.jpg

Неред од светки и конфети

Лесно ќе ги соберете ситните конфети од подот со широк селотејп.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-03.jpg

Тесто залепено на тепихот

Најлесно ќе го отстраните тестото од тепихот ако го оставите целосно да се исуши – можат да бидат потребни и ден-два. Кога ќе се стврдне, можете да го искршите и да го соберете со правосмукалка.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-04.jpg

Боја на облеката

На дамката од боја ставете малку алкохол и оставете да отстои неколку минути. Потоа нежно истријте ја бојата со четка за заби, па исперете ја облеката како вообичаено.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-05.jpg

Сок на тепихот

За најефикасно да го отстраните сокот, треба да го исчистите што е можно побрзо. Најпрво впијте ја течноста со хартиени бришачи за раце, а потоа истријте го со крпа натопена во жешка вода.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-06.jpg

Дами на кадифени играчки

Лесно ќе ги отстраните тврдокорните дамки од кадифените играчки со сода бикарбона – нанесете ја на чета за заби и истријте.

Нa крај само исперете ги играчките.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-07.jpg

Доматен сос на облека

Нанесе пена за бричење на дамката, оставете да делува неколку минути, па исплакнете со вода.

На крај исперете ја облеката како вообичаено.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-08.jpg

Дамки од трева на облека

За најефикасно да ги отстраните дамките од трева, препорачливо е да ги исчистите што е можно побрзо.

Измешајте исто количество вода и бел оцет и со четка истријте ги дамките. Потоа исперете ја облеката како вообичаено.

damki-od-treva-boichki-na-dzidot-kako-najlesno-da-go-ischistite-detskiot-nered-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови со кои фармерките ќе престанат да пуштаат боја (и да избледуваат брзо) Најпрво, уште по самото купување откако ќе ги донесете фармерките дома, важно е ...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg