Предмети што ги користиме „до последно“, но треба почесто да ги менуваме со нови

Сигурни сме дека редовно ги перете крпите за бришење, но сепак е препорачливо да ги замените со нови по седум-осум месеци, особено ако за секое чистење користите едни исти.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-01.jpg

Кога купуваме некој предмет за домот, сакаме да ни служи што е можно подолго, особено ако сме дале повеќе пари за него.

Но во некои ситуации не треба да ги користиме работите „до последно“ и добро би било да ги замениме пред да станат потполно бескорисни.

Неколку вакви работи во продолжение:

Филтри за вода

Филтрите за вода можат да бидат совршено место за развој на бактерии, па препорачливо е да ги менувате на секои шест месеци.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-02.jpg

Крпи за чистење

Сигурни сме дека добро ги перете крпите за чистење, но и покрај ова не е препорачливо да ги користите многу долго.

Менувајте ги крпите за чистење на секои 7-8 месеци. Притоа, внимавајте да не ги оставате влажни за да не се создаде мувла и перете ги по секоја употреба.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-04.jpg

Черга за пред врата

Чергата што стои пред влезната врата нема да биде од голема корист ако е многу стара и многу валкана.

Покрај тоа што треба редовно да ја чистите, препорачливо е да ја менувате барем на секои две години поради нечистотиите и бактериите што се акумулираат на неа.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-05.jpg

Навлаки за перници

Една навлака за перница не би требало да ја користите подолго од две години.

Истовремено, важно е да ги менувате навлаките (заедно со постелнината) најмалку еднаш неделно, но и да избегнувате да си легнувате со влажна коса бидејќи навлаката ќе се претвори во совршено место за развој на бактерии.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-06.jpg

Одзатнувач за тоалетна школка

За разлика од повеќето предмети на листата, одзатнувачите можат да ви служат со години.

Но, штом ќе забележите дека одзатнувачот не создава вакуум, треба да го промените бидејќи нема да ви биде од голема корист.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-07.jpg

Детско седиште за автомобил

Малите деца и бебињата се експерти за создавање неред, па со текот на времето на овие седишта можат да се акумулираат секакви нечистотии. Поради ова, треба да ги чистите редовно.

Истовремено, не треба едно исто седиште да биде во употреба повеќе од 5-6 години. Покрај акумулацијата на нечистотии, по овој период седиштето е истрошено и може да не ја нуди истата безбедност како ново.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-08.jpg

Микробранова печка

Квалитетната микробранова печка би можела да ви служи и до десет години.

Но, за да избегнете незгоди, ако забележите какви било промени во нејзиното работење, како некои чудни звуци, најдобро консултирајте се со мајстор и не чекајте целосно да престане да работи пред да ја замените со нова.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-09.jpg

Завеса за када

Завесите во бањата морате да ги чистите темелно најмалку еднаш во месецот, а да ги менувате секоја година.

Поради постојаната изложеност на влага, на нив може да има многу бактерии и мувла, па затоа и треба да се менуваат почесто.

predmeti-shto-gi-koristime-do-posledno-no-treba-pochesto-da-gi-menuvame-so-novi-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg