5 едноставни техники за декорирање на велигденски јајца, кои се хит на Инстаграм (видео)
Сте помислиле ли некогаш да ги декорирате велигденските јајца со суви цветови, да нацртате мотиви со маркер или да ги обоите со помош на ориз и шлаг пена? Погледнете неколку идеи за декорирање јајца од инстаграмџиите.
Пред Велигден на социјалните мрежи може да се најдат повеќе идеи за декорации на велигденските јајца, а популарни се декорациите со природни материјали.
Иако традиционално велигденските јајца кај нас најчесто се бојат во црвена боја, на социјалните мрежи може да се најдат повеќе идеи за декорации на јајца со природни материјали и во минималистички стил.
Наместо вообичаените лепенки, една корисничка дава предлог да користите суви цветови, а други даваат идеи за декорации со прехранбена боја за колачи.
Погледнете неколку идеи за декорација на велигденски јајца:
Декорација со суви цветови
За оваа декорација ќе ви требаат бели сварени јајца, суви цветови, вода и четка за боење.
Свареното јајце се натопува со малку вода со четка, се става сувиот цвет и тој се притиска со четка и со вода.
Видео упатствo:
Минималистички јајца со цртеж со маркер
За оваа декорација ќе ви бидат потребни сварени бели јајца, сунѓер за боење, акрилни бои и маркер.
Со сунѓер се бои само една страна од јајцето со акрилна боја и се остава да се исуши. По ова со црн маркер се црта мотив на лист, цвет и сл.
Видео упатство:
Боење со ориз
За оваа постапка потребен ви е ориз, мала ќеса, бели јајца (сварени) и прехранбени бои.
Белите јајца потребно е да се сварат и да се избелат (доколку сте купиле жолти јајца).
Во една мала ќеса се ставаат 3-4 лажички ориз и прехранбени бои по ваш избор.
Јајцето се става во оризот и се валка во боите, па се остава да стои околу 15-тина минути во ќесата.
Боење со шлаг пена
За оваа постапка ќе ви биде потребна изматена шлаг пена, чинија и бели јајца.
Во чинија се става малку шлаг пена, се капнуваат неколку капки прехранбена боја и се мешаат со чепкалка за заби или со прст.
Јајцето се валка во оваа боја и се остава да стои 15 минути во шлаг пената.
Боење со салфетка - детално може да ја проследите на следниот линк.
Видео упатство за последните три постапки:
Б. С. Б. | Црнобело