Кои се најчестите грешки во одгледувањето рози (заради кои изгледаат исушени во лето)?

Немојте да ги вадите во најголемите горештини. Не ги отстранувајте оштетените гранки. Знаете ли зошто се случува розите да делуваат целосно исушено во летниот период и како да ги спасите?

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-01.jpg

Розите се едни од најубавите растенија во градината, но сите што ги одгледуваат знаат дека во периодите на силни горештини, многу е тешко тие да се одржат здрави и да имаат убави и раскошни цветови.

Со оглед на тоа што во изминатите денови температурите беа над 40 степени Целзиусови, сосема е нормално растенијата да изгледаат овенато, без цветови или со подгорени цветови.

Вам ви е топло надвор, но розите се по цел ден изложени на сонце.

Во ваквите периоди, логично е растението да нема цветови затоа што ги чува своите резерви на вода и храна за да опстане.

Кои се најголемите грешки што не треба да ги правите во летниот период и на што треба да внимавате?

Не заборавајте во летниот период да ги наводнувате розите пообилно од вообичаено и да им обезбедите доволно течност.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-02.jpg

Но, наводнувањето не треба да биде во периодите кога надвор е екстремно топло.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-08.jpg

Капките вода на листовите за време на високи температури дејствуваат како лупа и ги горат нежните листови на растението.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-07.jpg

Најдобро е наводнувањето да го вршите во доцните попладневни часови или откако ќе зајде сонцето, за да не им предизвикате на растенијата дополнителен стрес.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-05.jpg

Ако забележите дека розите немаат цветови, тоа не значи дека треба да почнете да ги наѓубрувате пообилно, за да ги натерате да расцветаат.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-04.jpg

Многу е веројатно тие да влегле во фаза на „хибернација“ кога целосно ја штедат енергијата за да опстанат.

Растението ќе се „разбуди“ тогаш кога ќе се чувствува подготвено за тоа.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-03.jpg

Исто така, не се препорачува во најголемите горештини да ги кроите гранките и да ги отстранувате оштетените делови, затоа што така можете целосно да ги уништите.

Кроењето на вашите рози, оставете го за во септември.

koi-se-najchestite-greshki-vo-odgleduvanjeto-rozi-zaradi-koi-izgledaat-isusheni-vo-leto-06_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Како најлесно да ги средите фиоките со облека (и да се ослободите од хаосот)? Ако наутро најпрво вежбате, можеби хеланките и спортските градници треба да ви б...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg