Најлесната техника за боење на шарени велигденски јајца кои изгледаат уникатно (видео)
Без да направите хаос во кујната и да ги извалкате рацете, многу лесно и брзо може да ги направите најубавите шарени јајца за Велигден – погледнете со која техника, дури ниту почетници нема да згрешат.
Дали веќе сте подготвени со бои и материјали за вапцање на велигденските јајца?
Освен задолжителните црвени, доколку сакате да додадете малку шаренило во велигденската корпа, ја имаме најдобрата техника.
Нема да направите неред во кујна, ќе завршите за многу брзо време со повеќе јајца одеднаш, а сите ќе прашуваат како сте ги направиле.
Се што ви е потребно се: ракавици, салфети, гумени ластичиња, гел бои за јајца, оцет (или вода) во распрскувач и масло за премачкување.
Техниката е следна:
- Избришете ги сварените јајца и завиткајте го секое од нив во салфета, а на врвот заврзете ја салфетата со ластиче.
- Со гумени ракавици, истурете од повеќе бои (кои претходно стоеле во топла вода) по неколку капки на различни места и распрскајте оцет или вода одозгоре за боите да се разлеат.
- Оставете ги така завитканите јајца да отстојат 20-тина минути.
- Одвиткајте ги јајцата, намачкајте ги со зејтин и наредете ги во корпа.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело