9 навидум безопасни, но лоши навики од кои треба да се откажете
Одредени навики се пренесуваат од генерација на генерација, без тоа да го правиме намерно.
Но, малкумина знаат дека навидум безопасните навики може да бидат лоши за целокупното здравје.
Ова се 9 такви, од кои треба да се откажете уште денес:
1. Ги разредувате сапуните и шампоните со вода
И со тоа ги намалувате дејствата за чистење и дезинфекција.
2. Го чувате ѓубрето на тераса
На овој начин само непотребно собирате прашина во просторот.
3. Го чистите подот со крпа и со раце, наместо со соодветен џогер
Покрај тоа што темелното чистење не можете да го направите со раце, позицијата во која сте додека чистите е неверојатно штетна за ‘рбетот, исто како и вдишувањето на хемикалиите одблизу.
4. Купувате 3-4 броја поголема детска облека
Ова е опасно само ако се работи за чевли, во кои би требало детската нога да е стабилна и да има цврст чекор.
5. Го местите креветот веднаш по станувањето
На овој начин не оставате да се проветрее и ги задржувате сите нечистотии во него.
6. Ги сушите чиниите со крпа која сте ја користеле и претходно
Крпата е една од највалканите работи во кујната, а нема да помогнете ако сите нечистотии ги разнесете на штотуку измиените чинии. Се препорачува секојдневно менување на крпата за повеќе употреби.
7. Одмрзнувате храна околу мијалникот
Ризикувате да пренесете разни нечистотии и бактерии. Најбезбедно е да ја оставите храната во еден сад и затворена со кеса на дното на фрижидерот.
8. Даската за сечкање ја миете со обичен детергент за садови
Наместо тоа, би требало да ја исчистите со сода бикарбона и оцет. Само така темелно ќе ги исчистите сите нечистотии.
9. Пуштате вода кога капакот од тоалетната е отворен
За да не ги разнесете сите бактерии наоколу, затворете го капакот, па пуштете вода.
М. Д. | Црнобело