14 начини како да ги отстраните гребаниците од било која површина
Едно погрешно движење и ако сте посебно „несмасни“, работите можете многу едноставно да ги оштетите и изгребете.
За среќа, оние благите гребаници можете и сами да ги отстраните.
Еве како:
Стаклени површини
1. На памук нанесете паста за заби и со неа нешто, во кружни движења, бришете ја оштетената стаклена површина, а потоа со вода измијте ја пастата.
2. На микрофибер крпа нанесете масло и нежно бришете ја стаклената површина.
3. Сода бикарбоната е одлична за полирање. Измешајте ја со малку вода и пројдете ја површината, а потоа остатокот од смесата избришете го со крпа.
4. Гребаниците можете да ги отстраните и со средствата за полирање на прозорците на автомобилите со тоа што, треба да се придржувате до инструкциите запишани на нив.
Кожни површини
5. На памук нанесете масло и со кружни движења пројдете ја изгребаната површина сè додека не се впие целото масло.
6. Оштетената кожа може да се замаскира со ацетон на стапче за уши.
7. Гребаниците можете да ги отстраните и со посебен восок за кожа.
Дрвени површини
8. Ако станува збор за темно дрво, нанесете јод на местото на гребаниците.
9. Истите можете да се обидете да ги отстраните и со орев. Ако станува збор за посветла површина тријте со орев по површината која е изгребана додека целосно не ја пополните.
10. Уште решение е и мајонезот кој треба да го оставите да стои 2 до 3 дена на оштетената површина, а потоа да го избришете со крпа.
Пластични површини
11. Оштетената пластика можете да ја дотерате со обичен фен. Држете го на местото 10 до 15 минути додека пластиката не почне да се израмнува.
Метални површини
12. Изгребаниот метал лесно може да се среди со лак за нокти
13. Или паста за заби за избелување.
Н. Г. | Црнобело