Како најлесно да го проверите квалитетот на прашокот за перење?
Асортиманот на прашоци и течни детергенти за перење облека е огромен. Цената не е вистинското мерило за квалитетот, а понекогаш, не е лесно ниту самите да го одредите.
Дел од нив ги отстрануваат дамките, но оставаат траги на темната облека. Другите, пак, се помалку агресивни и наменети за перење на шарената облека, но повеќе ја „освежуваат“ облеката, а не секогаш ја отстрануваат нечистотијата.
Често сме во потрага по оној производ што ќе ги задоволи сите наши потреби. Поради тоа купуваме различни, ги тестираме, менуваме, но пак не сме задоволни.
Сепак, постои еден мошне едноставен трик за утврдување на квалитетот на прашокот за перење, но истиот може да се примени и за проверка на течните детергенти за облека.
За да го проверите квалитетот на прашокот за перење, направете го следното:
Во чаша вода, растворете една кафена лажица од прашокот за перење. Потоа, во растворот додадете парче белка од тврдо варено јајце, оставете го така и почекајте да помине еден ден.
1. Ако по 24 часа белката е непроменета, тоа значи дека прашокот е со слаб квалитет.
2. Ако белката е омекната или веќе почнала да се раствора, овој прашок е соодветен за перење темна облека или помалку валкана облека.
3. Ако белката од јајцето целосно се растворила, тогаш таквиот прашок е идеален за перење бела облека и многу валкана облека.
М. А. | Црнобело