Како темелно да го исчистите фрижидерот (и колку често треба да го чистите)?

Бидејќи во фрижидерот чуваме храна, важно е да го чистиме темелно неколкупати годишно. Неколку совети со кои најлесно ќе го исчистите фрижидерот.

soveti-za-temelno-chistenje-na-frizhiderot-i-instrukcii-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-01.jpg

Фрижидерот го користиме секојдневно. Затоа, не треба да заборавиме дека понекогаш треба да го исчистиме многу темелно.

Иако едноставното бришење со влажна крпа може да биде доволно за секојдневно одржување, сепак, фрижидерот одвреме-навреме заслужува целосно и темелно чистење.

Која е разликата помеѓу „редовно“ и „темелно“ чистење на фрижидерот?

Неделното или дневното чистење треба да вклучува дезинфекција на рачката на вратата и бришење на површините.

Спротивно на тоа, за темелно чистење треба да го испразните целиот фрижидер, да извршите длабинско чистење на внатрешноста, вклучувајќи ги и полиците и фиоките, да го исчистите целосно од прашина, а да се погрижите и за под, зад и околу фрижидерот.

soveti-za-temelno-chistenje-na-frizhiderot-i-instrukcii-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-04.jpg

Колку често треба темелно да го чистите фрижидерот?

Темелното чистење на фрижидерот треба да го практикувате неколкупати годишно. За стандарден фрижидер, вакво чистење треба да се практикува на секои три до четири месеци.

Меѓутоа, фрижидерите кои имаат диспензер за вода треба да се чистат малку почесто затоа што присуството на линија за вода во фрижидерот внесува повеќе влага.

soveti-za-temelno-chistenje-na-frizhiderot-i-instrukcii-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-03.jpg

Како темелно да го исчистите фрижидерот?

За темелно чистење на вашиот фрижидер ќе ви биде потребно:

  • Чиста вода
  • Сода бикарбона
  • Крпи
  • Сунѓер
  • Бел оцет
  • Сјај

Бидејќи ќе користите вода, за да ги елиминирате опасностите, најпрво исклучете го фрижидерот од струјата. Потоа отстранете ги храната и пијалаците, па полиците и фиоките.

Притоа, додека ги вадите производите, може да ги бришете со влажна крпа теглите, кутиите и шишињата. 

Потоа, оставете ги полиците и фиоките од фрижидерот малку на собна температура, па откако ќе ја постигнат, измијте ги добро и темелно во мијалникот со сјај и мек сунѓер или крпа за садови. Потоа, избришете ги добро со сува и чиста крпа.

Следниот чекор е да ја избришете внатрешноста со вода, бел оцет, сјај за садови и сода бикарбона. Силните хемикалии може да ја оштетат површината на фрижидерот, а и да испуштаат штетни токсини во храната. Затоа, употребата на нежен сјај за садови, оцет и сода бикарбона, ефикасно ќе ја исчисти внатрешноста, без каков било ризик.

Најпрво, направете мешавина од топла вода и неколку капки сјај, потоа натопете чиста крпа или сунѓер, па избришете ја внатрешноста на фрижидерот, фокусирајќи се на оние места каде што има повеќе дамки. Ако наидете на лепливи дамки кои не се чистат лесно, тогаш направете паста со сода бикарбона и вода и нежно тријте.

soveti-za-temelno-chistenje-na-frizhiderot-i-instrukcii-za-chistenje-na-dispanzerot-za-voda-05.jpg

За да ја дезинфицирате внатрешноста на фрижидерот без употреба на какви било хемикалии, измешајте оцет со вода со однос 1:2, и ставете го во шише со распрскувач. Со ова смеса слободно испрскајте ја внатрешноста на фрижидерот, па потоа избришете со сува крпа за садови, па вратете ги полиците и фиоките на нивните места. Како дополнителна заштита од мириси, ставете отворена кутивка со сода бикарбона, во задниот агол на горната полица на фрижидерот.

Потоа, не треба да ја заборавите и гумата на вратата на фрижидерот која, пак, може да собира многу трошки и остатоци од храна. Оваа фаза е лесна: само треба да избришете со влажна крпа и да ги отстраните сите нечистотии. Не мора да користите какви било средства кои ќе ја уништат гумата, туку доволно е да користите чиста и топла вода.

Откако внатрешноста ќе ви биде средена, тогаш време е да обрнете внимание на надворешниот дел од фрижидерот. За оваа постапка доволно е да натопите чиста крпа во топла вода со сјај, па нежно да ја избришете надворешната површина. Потоа, поминете со сува микрофибер крпа. Исто така, не заборавајте да го исчистите и горниот дел од фрижидерот каде што најчесто се акумулира многу прашина.

За крај, со правосмукалка темелно исчистете под, зад и околу фрижидерот, а потоа избришете со стара и влажна крпа.

На следната страница како темелно да го исчистите диспензерот за вода...



Би можело да ве интересира:

Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg